ВМРО-ДПМНЕ: Интегриран туристички информациски ситем со Веб-портал

Преку овој портал, ќе овозможиме резервации преку Интернет за домашните и странските туристи, како и соодветна презентација на македонските туристички капацитети. Ова ќе овозможи зголемување на искористеноста на туристичките капацитети, и притоа секој потенцијален посетител самостојно ќе ја планира својата програма за посета на Македонија како и да има преглед на аранжманите кои ги нудат домашните и странски туристички агенции. Носител: Македонската национална туристичка организација. [Рок: март 2013]

Образложение:

Според Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери 2011-2014, страна 95, овој проект е во изработка и сеуште не е завршен. Со оглед на тоа дека рокот за завршување на проектот е март 2013 година, а ваквиот портал сеуште не е изработен, ова ветување се оценува како неисполнето. [Ажурирано на: 07.04.2014]

Линкови:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција