ВМРО-ДПМНЕ: Интегриран здравствен информатички систем и електронска здравствена картичка
Ќе го финализираме проектот на целосна компјутеризација на здравствениот систем кој се реализира во неколку фази со крајна цел замена на здравствените книшки и сините картони со нови електронски картички и воведувањето на електронско медицинско досие за секој граѓанин, воведување на централизиран веб-портал кој ќе ги содржи сите неопходни информации за субјектите вклучени во здравствениот систем и ќе биде во насока на побрзо и поквалитетно информирање на граѓаните и обезбедување на соодветна медицинска помош. Овие два круцијални проекта за здравствениот систем се овозможуваат големи придобивки за осигурениците и здравствените чинители на системот:
- Увид на докторот во целокупната состојба и историја на пациентот. Поставените дијагнози ќе бидат поквалитетни, нема да има поставување на исти прашања од докторите, ќе има помалку револтирани пациенти, ќе овозможи повеќе време за лекување на пациентите, ќе се скрати времето на чекање за преглед;
- Укинување на хартиени верзии на здравствени картони и амбулантски дневници. Со ова ќе се овозможи повеќе време за аплицирање на терапија, внесување на податоците во електронска форма само еднаш (а не како до сега на неколку места во хартиена форма), намалување на трошоците на работење;
- Укинување на хартиена верзија на рецепт – со електронскиот рецепт целокупната терапија за пациентот ќе биде запишана во системот и на електронска картичка. На тој начин, пациентот во аптеката ќе ја даде само својата електронска картичка и ќе ја добие терапијата што ја препишал матичниот лекар. Ефектот ќе биде заштеда на време и елиминирање на несакани грешки;
- Со ова се овозможува навремена реакција од службите за итна помош за генералната состојба на пациентот, хронични заболувања, алергии за кои пациентот не е во состојба да одговори, не е свесен, односно со соодветна терапија СПАСУВАЊЕ НА ЧОВЕЧКИ ЖИВОТ.
[Рок: 2020 година- за комплетно интегриран здравствен информатички систем]
Образложение:
Во последните 2 години во здравството се направени две големи измени. Едната е ставање на во употреба на електронските здравствени картички и изработка на софтвер за истите, а втората измена е креирањето и пуштањето во употреба на Мој термин- систем за национални евиденции во здравството. Мој термин во февруари 2014 година доживеа низа измени со кој се олеснуваат рпоцедурите и се подобрува услугата за пациентите. Останува да се остварат уште неколку точки за целосно д абиде завршен процесот на воспоставување на Интегриран здравствен информатички систем во земјата, како што се укинувањето на хартиени рецепти и укинување на хартиените верзии на здравствените картони и амбулантските дневници.
Линкови:
Измени на системот “МОј Термин“ за подобра услуга
Електронска здравствена картичка
Од 1 Ноември Електроснка здравствена картичка наместо сини картони
Оценето од: Наталија Пешиќ
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар