ВМРО-ДПМНЕ: Изградба на 400 kV интерконективен далекувод ТС Штип (Македонија) – ТС Ниш (Србија)

Ќе ја реализираме изградбата на 400 kV интерконективен далекувод ТС Штип (Р. Македонија) – ТС Ниш (Р. Србија) во должина од 69,83 km. За оваа инвестиција обезбедени се 19,2 милиони евра и далекуводот се планира да биде пуштен во работа во 2014 година. Со изградбата на овој далекувод, земјата станува енергетска крстосница во овој дел на Европа. Овој проект ќе овозможи трајна стабилност на електроенергетскиот систем на Република Македонија и компленто енергетско завршување на коридорот 10; [Рок: 2014]

Образложение:

Изградбата на 400 kV интерконективен далекувод ТС Штип (Р. Македонија) – ТС Ниш (Р. Србија) во должина од 69,83 km е во тек. Реализација на овој проект започна во 2012 година и заклучно со март 2014 година сеуште не е завршена. Според тоа, ова ветување се оценува како делумно исполнето. [Ажурирано на: 04.04.2014]

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција