ВМРО – ДПМНЕ : Изградба на експресен пат од Градско преку Росоман и Дреново до Прилеп

Стариот пат кон Росоман. Фото: wikimapia.org

 Изградбата на експресниот пат од Градско преку Росоман и Дреново до Прилеп е од големо значење за овој регион заради поврзување и економски развој на централниот дел од Македонија со пелагонискиот регион. Овој проект ќе се реализира во 3 фази:

 » Градско–клучка Кавадарци, изградба на експресен пат на нова траса;

 » Дреновска клисура–Фаришка клисура, проширување до ниво на експресен пат (4 сообраќајни ленти);

 » Проширување со трета лента кај Тројаци и проширување пред Прилеп.

Вкупната должина на делницата изнесува 28,3 км. Дел од средствата ќе бидат обезбедени од ЕБОР и од буџетот, а за преостанатиот дел ќе се аплицира преку ИПА-фондовите. Буџет: проценета вредност 68 милиони евра     [Рок: 2015 – 2019 година]

 

Образложение:

 

На  17 април 2014 година министерот за финансии Зоран Ставрески ( носителот на листата на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во Четвртата изборна единица) на изборниот митинг во Прилеп рече:

Во програмата  има проекти кои што се значајни за Прилеп и кои ги бараа вашите бизнисмени, проекти со кои што ќе овозможиме подобри услови за бизнисот во Прилеп, за да се отовораат работни места и да има инвестиции.Еден таков крупен проект е проектот за изградба на експресен пат од Градско до Прилеп, комплетно нов пат од 28 километри со кој што ќе се избегне клисурата и ќе се направи модерен пат со 4 ленти, и со кој што Прилеп ќе биде подобро поврзан. [Пристапено на: 15.12.2015]

На 30 октомври 2014 година  министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието на РМ,  рече:

Завршена e изработката на проектите, a пред еден месец беше завршен и усвоен и инфраструктурнот проект. Претходно беше извршена пренамена на земјоделското во градежно земјиште. Во текот на наредната недела ќе започне постапка за експропријација, со што ќе се создадат услови за почеток на изградба на делниците од Прилеп до Градско. 

Изградбата ќе биде во три фази. Првата опфаќа 11 километри и двете клисури Фаришка и Дреновска. Тоа е инвестиција од околу 44 милиони евра финансирани преку Европската банка за обнова и развој. Средствата за оваа делница треба да бидат обезбедени преку Бордот на директори на ЕБОР во текот на ноември. Очекуваме некаде во првата половина од 2015 година да се распише повикот и потоа да почне изградбата . [Пристапено на: 15.12.2015]

Премиерот Никола Груевски на 18 април 2015 година на народниот собир во Прилеп најави дека:

 

нов експресен пат со четири ленти од Градско до Прилеп ќе почне да се гради ова лето, инвестиција вредна  70 милиони евра.       [Пристапено на: 15.12.2015]

 

На 9 октомври 2015 година министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски. Во  во интервју за Државната информативна агенција соопшти:

 

За следната година за рехабилитација се планирани и патиштата Кочани – Делчево, експресниот пат Градско – Прилеп, Охрид-Пештани, Штип-Кочани, Штип-Радовиш… а треба да почне и изградбата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка [Пристапено на: 15.12.2015]

 

Министерот за транспорт и врски Мисајловски, на 29.11.2015 на трибината во Струга, кажа дека наредната година (2016),  меѓу другото, е планирана и реконструкција на патниот правец   Прилеп-Градско [Пристапено на: 15.12.2015]

 

На 10 декември 2015 премиерот Груевски во интервју за еден порртал рече:

 

…сериозен акцент ставаме и на изградбата на експресните патишта и во тој поглед во следниот период ќе отпочнеме и со изградба на 5 нови експресни патишта во должина од 126 км и инвестиции од околу 300 милиони евра. Станува збор за многу значајните патни правци Штип – Кочани, Штип – Радовиш, Ранковце – Крива Паланка, Градско – Прилеп и Охрид – Пештани. [Пристапено на: 15.12.2015]

 

 

Според роковите дадени во Изборната програма , изградбата на експресниот пат Прилеп – Градско требаше да почне 2015 година, а да финишира 2019 година. Имајќи предвид  дека досега (декември 2015) не се почнати градежните работи на овој патен правец, а нивниот старт се најавува за наредната година (2016), ова изборно ветување се оценува како недоследно.

 

 

Линкови:

 

 

 

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција