ВМРО-ДПМНЕ: Изградба на клучка Смилковци на обиколницата на Скопје

vmro-dpmneСо изградбата на оваа клучка ќе се доврши сообраќајното решение на обиколницата на Скопје и ќе се овозможи пристап на населението кое гравитира во овој дел од градот до автопатот. Буџет: проценета вредност 600 илјади евра  [Рок: 2014 – 2015 година]

 

Образложение:

Изградбата на клучката на постојниот натпатник на северната обиколница околу Скопје во близина на селото Смилковци, започна на  03.03.2015 година. Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески тогаш изјави дека клучката треба да биде готова за една година (март 2016 година):

 „Оваа клучка ќе овозможи побрз и побезбеден транспорт на околу 8.000 жители од пет населени места на кои за 10 километри ќе им го скрати патувањето до центарот на Скопје. Се работи за инвестиција од околу 40 милиони денари, а предвидено е градбата да трае околу една година“, изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески по поставувањето на камен-темелникот [Ажурирано на: 15.03.2015]

 

Реализацијата на ова изборно ветивање е во тек но, според изјавата на министерот, најверојатно ќе бидат пробиени изборните проекции за  финиширање на проектот (2015).

 

Линкови:

 

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција