ВМРО-ДПМНЕ: Изградба на Порта „Македонија“
Во рамките на одбележувањето на најзначајниот јубилеј на нашата држава – 20 години од независноста, на 8 Септември, во чест на најголемиот триумф на македонскиот народ во борбата за слобода и независност, ќе биде промовиран објектот „Порта Македонија“, лоциран во централното градско подрачје. Објектот има мултидимензионална функција и предвидува постоење на атрактивен галериски простор наменет за одржување изложби и други култур-ни настани, како и можност за изнајмување и одржување на настани од најразличен тип. Визуелниот приказ на „Портата Македонија” претставува историско обликување со мотиви од длабок релјеф изработени од мермер на површина од 193 квадратни метри, а нејзината височина изнесува 21 метар. На релјефите на „Портата”, кои се изработуваат во Република Македонија, ќе бидат прикажани прикази од богатата историја на македонскиот народ. Отворената тераса на „Портата” на последното ниво ќе дава поглед на централното градско подрачје. Носител: Министерството за култура. [Рок: 2011 година]
Образложение:
Портата Македонија е пуштена во употреба, но со задоцнување. Финализирана е во јануари 2012 година.
Линкови:
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар