ВМРО-ДПМНЕ: Изградба на Светиклиментовиот универзитет

Продолжуваме со реализацијата на овој обемeн капитален проект, возобновувањето на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник, преку кој на Охрид ќе му се даде нова духовна и туристичка димензија. Светиклиментовиот универзитет ќе содржи четири комплекси со вкупно 14 врзани објекти. Возобновувањето на Светиклиментовиот универзитет предвидува изградба на манастирски конаци, Теолошки факултет, Музеј на Плаошник, Галерија на икони, Светиклиментова библиотека, Македонски институт за хуманистички науки, Канцеларија на МАНУ за хуманистички науки, Канцеларија на Меѓународниот семинар за македонски јазик, Канцеларија на меѓународна школа за апликативна конзервација, Конференциски центар, како и клонови на светски универзитетски центри.Со возобновувањето на овој културен и просветен монумент на македонската историја, повторно ќе блесне вкупнос-та на црковното и световното жариште, на најсветото место за Македонија – Охрид. Носител: Управата за заштита на културното наследство. [Рок: 2014 година]

Образложение:

Обновата на Светиклиментовиот универзитет започна во 2007 година и истата се одвива во неколку фази. Во првата фаза беа откривани остатоците од универзитетот, за да во 2012 година конечно започнат градежните работи за обнова  на Универзитетот на Плаошник во Охрид. Последните информации од 2014 година велат дека забрзано се работи на проектот и дека до 2015 година треба да бидат изградени уште и Манастирскиот конак, Резиденцијалниот објект на МПЦ и Богословскиот факултет.

Крајниот рок на овој преокт е крајот на 2014 година, но поради предвремените парламентарни избори, истиот ќе биде оценет со краен рок до 1 април 2014 година.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ


Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција