ВМРО-ДПМНЕ: Изградба на Турски театар

Со изградбата на овој капитален објект за првпат турската заедница во нашата земја ќе добие свој театар. Турскиот театар е носител на врвни домашни и меѓународни репрезентативни награди, а со изградбата на овој објект конечно ќе се добијат современи услови за работа на оваа национална установа, која долги години просторот го делеше со Албанскиот театар. За изградбата на Турскиот театар се очекува и донација од Република Турција. Носител: НУ Турски театар. [Рок: 2015 година*]

Образложение:

Според директорот Атила Клинче, изградбата на новиот Турски театар се очекува конечно да започне кон крајот на април. Во интервјуто за Утрински весник, тој образложува дека  Владата  одобрила средства само за тврда градба, односно за карабина, но и дека веќе е потпишан меморандум меѓу Министерство за култура на РМ и Министерството за туризам на Република Турција за помош во изградбата на театарот. [Ажурирано: 05.04.2012]

Важно е и да се напомене дека овој прект беше дел од предизборната програма на ВМРО ДПМНЕ во 2008 година, но до крај на претходниот мандат немаше најава за реализција на проектот.

Во Отчетот за сработеното на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 2011-2014, во делот „Култура “, за проектот „Изградба на Турски театар “ е наведено:

На 18 јануари 2014 година се постави камен-темелникот на новиот објект на Турскиот театар. Новиот турски театар комплетно ќе ги задоволи највисоките стандарди за работа на уметничкиот кадар. [Ажурирано: 13.04.2014]

На свечениот почеток на изградбата на новиот Турски театар беше кажано дека ќе биде модерен објект на 8 нивоа, од кои 5 надземни и 3 подземни,  со капацитет од над 450 постетители. Тогаш беше најавено  и дека  карабината на Турскиот театар треба да биде готова за 14 месеци. [Ажурирано: 13.04.2014]

Со оглед на тоа, изборното ветување „Изградба на Турски театар“  е неисполнето.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска


Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција