ВМРО-ДПМНЕ: Јакнење на организацискиот капацитет на пенитенцијарниот систем

Ќе се преземат активности за јакнење на организацискиот капацитет на пенитенцијарниот систем во Р. Македонија за да се обезбеди целосна заштита на човековите права во третманот на притворените и на осудените лица. [Рок: 2011 – 2013]

Образложение:

Со оглед на тоа дека во ова ветување не е јасно и конкретно назначено кои активности ќе се преземат со цел јакнење на организацискиот капацитет на пенитенцијарниот систем во Р. Македонија, претставува практично невозможно објективно да се анализира дали ова ветување ќе биде исполнето или не. Земајќи го тоа во предвид, ветувањето се оценува како неконкретно. [Ажурирано на: 18.04.2013]

Оценето од: Дејан Димитриевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција