ВМРО-ДПМНЕ: Канцеларии на ФЗОМ и во помали општини
ФЗОМ ќе се доближи до осигурениците и во помалите места во Македонија, со тоа што ќе отвори канцеларии и во помалите места во соработка со општините. Осигурениците нема да патуваат до поголеми градови, туку во своето место на живеење ќе остварат право на здравствено осигурување, ќе добиваат здравствени картончиња и ќе ги регулираат своите права од боледувањето до рефундации и ортопедските помагала. Носител: ФЗОМ. [Рок: До крајот на мандатот]
Образложение:
Во текот на мандатот отворени се повеќе истурени канцеларии на ФЗОМ во неколку општини во земјата, како Општина Илинден, Боговиње, Ѓорче Петров и Драчево. Целта на новите истурени канцеларии е да се растерети гужвата во поголемите градови и граѓаните поефикасно да ја остварат правото на здравствено осигурување.
Линкови:
- Отворена регионална канцеларија на ФЗОМ во Општина Боговиње
- ФЗОМ-Инфо Билтен
- Над 1000 услуги на истурените шалтери на ФЗОМ
- Од Понделник шалтери на ФЗО во Ѓорче Петров и Драчево
- Ќе се отвараат нови шалтери
Оценето до: Наталија Пешиќ
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар