ВМРО-ДПМНЕ: Кардиолошка мрежа за третман на акутен срцев инфаркт

Ќе основаме Кардиолошка мрежа за третман на акутен срцев инфаркт во јавното здравство. Ќе ги опремиме регионалните болници со модерна и софистицирана опрема за третман на акутен срцев инфаркт и ќе го обучиме кадарот да може да го направи почетниот третман кој е најважен за спасување на животот. Само најсложените случаи ќе се препраќаат на понатамошен третман. Во рамките на овој проект, дополнително ќе се опреми и Клиниката за кардиологија во Скопје. Носител: Министерството за здравство. [Рок: Јуни 2014 година]

Образложение:

Во Република Македонија веќе е започнат процесот на создавање на кардиолошка мрежа за третман на акутен срцев инфаркт, во која се вклучени центрите за интервентна кардиологија во Скопје, Битола, Охрид и Штип.  Она што се очекува во иднина е ваков центар да биде отворен и во Тетово со што целосно ќе биде опфатен и западниот дел на Републиката. Според информациите од отчетот на Владата 2011-2014 година,  во тек е набавка на опрема за интервентна кардиологија за болницата “8 Септември“ во Скопје.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција