ВМРО-ДПМНЕ: Класификација на операторите со храна од животинско потекло

Ќе го завршиме процесот на класификација на операторите кои работат со храна од животинско потекло од аспект на исполнетост на стандардите за безбедност на храна. Ќе воспоставиме ефикасен и транспарен-тен систем за нивно редовно следење во постигнувањето на минималните стандарди за безбедност на храна. Носител: Агенцијата за ветеринарство и храна, со надзор на имплементацијата од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. [Рок: 2011 – 2015]

Образложение:

Според податоците презентирани во Отчетот за сработеното на Владата на Р. Македонија, рокот за преструктуирањето (унапредувањето) на објектите и операторите со храна од животинско потекло според новата законска регулатива усогласена со европската е една година пред влез на Република Македонија во ЕУ. Од почетните 276 објекти влезени во програмата преостануваат уште 85 објекти оператори со храна кои преку започнатите активности треба да постигнат потполно усогласување до крајот на 2015 година

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција