ВМРО-ДПМНЕ: Кодификација на граѓанското право
Преку Кодификација на граѓанското право на Република Македонија и изготвувањето на Граѓански законик ќе се доизгради и ќе се стабилизира граѓанско-правната материја како еден од носечките столбови на правниот систем и поредокот во државата, што ќе придонесе во натамошното јакнење на правната сигурност на учесниците во правниот промет. [Рок: 2011 – 2016*]
Образложение:
Ова ветување го имаше и во изборната програма 2008-2011: Кодификација на граѓанското право и казнена евиденција
Во април 2011 година е формирана Комисија за изготвување на граѓанскиот законик.
Република Македонија ќе добие Граѓански законик што треба да ги интегрира нормите со кои се уредуваат граѓанско-правните односи во комплетен и непротивречен систем. Овој проект не е само правна реформа,туку и историски чин за државата.
Со формирањето на Комисијата во 2011 годинае отпочна процесот на Кодификација на граѓанското право. Процес е во тек, одржани се јавни расправи и според најавите Граѓанскиот законик треба да биде готов до 2016 година. Според тоа, ветувањето: Кодификација на граѓанското право, е неисполнето, но поради крајниот рок кој е 2016 година, тоа ќе биде оценето како недолседно бидејќи го надминува дури и регуларниот мандат.
Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.
Линкови:
- МРТ (29.04.2011): Формирана комисијата за изготвување на граѓанскиот законик. [Пристапено на: 18.04.2013]
- Телма Телевизија (29.04.2011): Македонија ќе добие Граѓански законик. [Пристапено на: 18.04.2013]
- Сител Телевизија (12.01.2012): Конференција за македонското граѓанско право во МАНУ. [Пристапено на: 18.04.2013]
- Прес 24 (29.04.2011): Македонија ќе добие граѓански законик [Пристапено на: 05.04.2014]
- Идивиди (12.01.2012): Меѓународна научна конференција за кодифицирање на македонското граѓанско право [Пристапено на: 05.04.2014]
- Правдико (24.01.2014): Повик за учество во јавна расправа по граѓанскиот законик [Пристапено на: 05.04.2014]
Оценето од: Оливера Војновска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар