ВМРО-ДПМНЕ: Комерцијализација на знаењето и науката

Со проектот ќе се овозможи правна рамка, по примерот на напредните европски високообразовни системи, со која јавните и приватните универзитети ќе се охрабрат да го интензивираат отворањето на компании заради продажбана своите научни резултати, откритија или патенти, услуги од јавни овластувања, експертско знаење, уметничкитворби и други остварувања во вршењето на применувачката работа, за вршење на издавачка дејност и слично, во кои под менторство на професорите ќе работат студентите, магистрантите и докторандите. Остварената добивкаодносно приходот на компанијата, универзитетите ќе ја користат за унапредување и развој на научно−истражувачката дејност, а студентите преку работата ќе ги усовршуваат своите професионални вештини. Носител: Министерството за образование и наука во соработка со високообразовните установи. [Рок: Декември 2013 година]

Образложение:

Досега не е донесена правна рамка која би ги охрабрила јавните и приватните универзитети да отворат свои компании преку кои  ќе можат да ги продаваат своите истражувања и научни резултети. Дополнително, во Отчетот на Владата на РМ, за ова ветување пишува дека ќе бидат доделувани грантови од 20.000 евра за кофинансирање на спиноф-компании  преку Фондот за иновации и технолошки развој, што пак значи дека овие  грантови до сега сеуште не се обезбедени.

Линкови:

Отчет за сработеното на Владата на Република Македонија 2011-2014, стр. 194


Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција