ВМРО-ДПМНЕ: Комитет за стечај

Целта на стечајот не е долгогодишна агонија и ограбување на фирмите, што беше случај со многу фирми во Република Македонија во изминативе 15 години, туку нивно рестартирање преку реорганизација и изнаоѓање на стратешки инвеститор. За рестартирање на најголем дел од фирмите што се во стечај, ќе формираме комитет за рестартирање на фирми во стечај, во кој ќе учествуваат правни и економски експерти. Комитетот ќе работи на побрзо и поефикасно решавање на поединечни стечајни постапки што траат со години, што ќе овозможи и враќање на работниците на работните места. Истовремено, ќе спроведуваме континуирана едукација на стечајните судии и на стечајните управници. Рок: веднаш.

Образложение:

Горенаведениот Комитет за стечај е формиран.

Линкови:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција