ВМРО-ДПМНЕ: Компјутеризација на здравствен систем
Целосна компјутеризација на здравствениот систем ќе се реализира во неколку фази со краен рок на имплементација – јуни 2010.
Образложение:
Прва фаза: Формирање Центар за здравствени информации како централна база (рок: декември 2008); Центарот за здравствени информации е отворен во мај 2008 година [Пристапено на: 21.05.2011]. – Остварено
Втора фаза: компјутеризирање на сите здравствени установи и нивно вмрежување со Министерството за здравство, ФЗОМ и со Националниот институт за јавно здравје [Пристапено на: 21.05.2011] (рок: декември 2009); – Не е остварено
Трета фаза: замена на здравствените книшки со нови електронски картички (рок: декември 2010. Единствено што е направено во оваа насока е спроведување на пилот проект за електронски книшки но до денешен ден ова не е спроведено во пракса – Не е остварено
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар