ВМРО-ДПМНЕ: Контакт центар на УЈП

Во напредна фаза е реализацијата на проектот за формирање на контакт-центар во рамките на УЈП кој ќе функционира на национално ниво. Услугите на контакт-центарот ќе ја зголемат довербата, кредибилитетот и имиџот на Управата за јавни приходи, истовремено одговарајќи на потребите на клиентите – поедноставување на постапките, подобрување на услугите и елиминирање на бирократијата и корупцијата. Контакт-центарот ќе ја намали потребата од директен контакт со вработените и посетата на канцелариите на УЈП и ќе овозможи едноставен и лесен пристап до даночни информации. Рок: октомври 2008 година.

Образложение:

Во рамките на УЈП функционира контакт центар со бесплатна телефонска линија.

Линкови

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција