ВМРО-ДПМНЕ: Концертна сала за Македонската филхармонија
Со изградбата на Концертната сала ќе се реши долгогодишниот институционалeн проблем на Македонската филхармонија, која со децении работи во изнајмени простории и крајно несоодветни услови во Домот на АРМ. Со из-градбата на концертната сала на Македонската филхармонија, македонските уметници конечно ќе добијат акустичен простор според сите светски стандарди во кој ќе можат да ги презентираат своите креации, а граѓаните на нашата држава ќе добијат и репрезентативен простор кој ќе овозможи гостувања на многу светски имиња и оркестри. Носител: Министерството за култура. [Рок: Прва половина на 2013 година]
Образложение:
Новата концертна сала на Македонската филхармонија е во изградба и истата според информациите на Министерството за култура, ќе биде готова во 2014 година.
Линкови:
- Нова Македонија (09.12.2012): Македонската филхармонија од 2014. во нова концертна сала [Пристапено на: 24.07.2013]
- Курир (09.12.2012): ФОТО: Во изградба новата зграда на македонската филхармонија [Пристапено на: 24.07.2013]
- Грид (09.12.2012): Новата сала на Филхармонија ќе биде готова во 2014 година [Пристапено на: 24.07.2013]
Оценето од: Наталија Пешиќ
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар