ВМРО-ДПМНЕ: Концепт на „Активен одмор“

Ќе создадеме туристичка програма базирана на концептот на „Активен одмор“ или спортски и авантуристички туризам каде мотивот за патувањето е физичката активност, спортот, рекреацијата, потребата од физички предизвик и доза на ризик и адреналин. Оваа активност ќе ја опфати цела територија на Македонија, преку поддршка во создавање на промотивен материјал, кој ќе опфаќа мапа и промоција на дестинациите за параглајдинг, планинарење, пешачки патеки, планински велосипедизам, бројните пештери, кањони, бордингот, кајакарење итн. Секоја година ќе обележиме и ќе поставиме патокази и информативни табли на најмалку 20 дестинации за активен одмор, по 5 пештери, 5 велосипедски патеки, 5 планинарски патеки и 5 кајакарски патеки. Носител: Македонска национална туристичка организација во соработка со Агенцијата за млади и спорт. [Рок: 2012 – 2015]

Образложение:

Овој проект беше опфатен со Програмите за развој на туризмот за 2012 и 2014 година (одвоени беа 500 000 денари во 2012 година и 600 000 денари во 2014 година), но не и  во Програмата за развој на туризмот за 2013 година. Со оглед на тоа дека овој проект е реализиран во 2012 и 2014 година, но не 2013 година, ветувањето се оценува како делумно исполнето. [Ажурирано на: 11.04.2014]

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција