ВМРО-ДПМНЕ: Концесии за истражување на извори со топла вода
Доделување концесии за истражување на извори со топла вода, со што ќе се овозможи развој на бањскиот (спа) туризам и можност за странски инвестиции во овој сектор. Ќе ги поддржиме и инцијативите за формирање на бањски и рекреативен туризам преку програми за јавно-приватно партнерство при довршување на приватизацијата на постојните бањи. Ќе продолжиме со одредување на локации за изградба на хотели во близина на постојните бањи (Дебарски Бањи, Катлановска, Кумановска, Кежовица, Банско и Негорци), како и локации за нови инвестиции во бањскиот туризам преку методот на мерење на земјена топлина со цел дефинирање на изворите на термални води. [Рок: 2011 – 2013]
Образложение:
Преземени се повеќе активности во насока на исполнување на ова ветување. Под концесија се дадени или пак објавен е повик за доделување на концесија на дел од постојните бањи и на локации за нови инвестиции. Во 2013 година беше објавен јавен повик за доделување на концесии за детални истражувања на 6 локации на извори со топла вода. Ова ветување се оценува како исполнето. [Ажурирано на: 15.04.2014]
Линкови:
- Build.mk (25.11.2011): Кочани ќе ја искористува геотермалната енергија. [Пристапено на: 15.04.2014]
- Утрински весник (23.12.2012): Tоплите води во „Kежовица“ одат под концесија. [Пристапено на: 15.04.2014]
- Точка (13.11.2013): Сараќини ги најави шестте нови јавни повици за концесии на минерални суровини за 53 локалитети. [Пристапено на: 15.04.2014]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар