ВМРО-ДПМНЕ: Користење на државното земјоделско земјиште без договори

Ќе ги анализираме можностите за решавање на проблемот за користење на државното земјоделско земјиште без договори. Земјоделците од Тиквешијата и од другите места во Македонија кои користат државно земјиште со изминат договор или на друг нерегулиран начин, имаат долгогодишен проблем на сигурност и можност за користење на државни субвенции. Сите неопходни законски предуслови за оваа активност се овозможени во претходниот период, а веќе е спроведен и првиот оглас. [Рок: септември 2011 – март 2012]

Образложение:

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство понуди можност за решавање на проблемот околу користењето на државното земјиште на кое се одгледуваат долгогодишни насади преку пријавување на земјиштето и објавување јавни повици за давање државно земјоделско земјиште под закуп со што ќе се даде можност за склучување договори и за регулирање на правото на користење на земјиштето. Според информациите, на 264 земјоделци од Кавадарци, Неготино и Росоман веќе им  се доделени договори за легализација на државното земјоделско земјиште што го користат за одгледување повеќегодишни насади. [Ажурирано на: 26.03.2012]

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција