ВМРО-ДПМНЕ: Локација за изградба на Аква-парк
По должината на Коридорот 10, ќе обезбедиме локација за изградба на туристичка атракција „Аква-парк“ од страна на приватни инвеститори, која би ги привлекла странските посетители кои транзитираат по овој сообраќаен коридор, но и домашните посетители во текот на летната жешка сезона. [Рок: 2013]
Образложение:
Овој проект не е реализиран. Според Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија за периодот од 2011 до 2014 година, страна 95, предвидената локација е пренаменета и опфатена со проектот Студентски град. Ова ветување се оценува како неисполнето. [Ажурирано на: 02.04.2014]
Линкови:
- ВМРО-ДПМНЕ: Отчет за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери 2011-2014 [Пристапено на: 02.04.2014]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар