ВМРО-ДПМНЕ: М-Влада

Во рамките на овој проект ќе се направат имплементации на е-Влада услугите за популарните мобилни платформи како што се за АјФон, Блекбери или Андроид  -платформи. Со ова електронските услуги ќе се направат достапни во секое време и на секое место, со што ќе се обезбедат дополнителни поволности за граѓаните кои сега ќе можат на многу поедноставен и поефикасен начин да ги користат услугите на е-Влада. Носител: Министерството за информатичко општество и администрација. Буџет: 250.000 евра. [Рок: јануари 2014]

Образложение:

Нема информации дека овој проект е реализиран. Во Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери 2011-2014, страна 104, стои дека овој проект е во тек, но со оглед на тоа дека рокот е веќе истечен (јануари 2014), а овој проект не е реализран, ова ветување се оценува како неисполнето. [Ажурирано на: 04.04.2014]

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција