ВМРО-ДПМНЕ: Macedonia Timeless
Продолжување со маркетиншката кампања Macedonia Timeless преку следните активности: Континуирана промоција на најпознатите светски ТВ канали како CNN, CNBS, Travel Channel, Bloomberg, Fox Group, Euronews, RTL, Eurosport и други; Изработка на репортажа за Македонија во соработка со три реномирани светски ТВ канали посебно од доменот на туризмот. [Рок: континуирано]
Образложение:
Во 2012 беше изработена нова реклама од серијалот Macedonia Timeless, посветена на новиот лик на градот Скопје. [Ажурирано на: 09.01.2013]
Во 2012 беше изработена нова реклама од серијалот Macedonia Timeless, посветена на новиот лик на градот Скопје. [Ажурирано на: 11.04.2014]
Во Отчетот за сработеното на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 2011-2014, во делот „ Туризам“, за проектот „Macedonia Timeless“, е наведено:
Со кампањата „Macedonia Timeless“ изработени се 9 спотови со кои се промовира туристичкиот потенцијал на Македонија на најпознатите светски ТВ канали: CNN, Fox Group, National Geographic, Sky News, Travel Channel, Euronews, Eurosport, NTV Germany, Russia 2, Russia 24, My Planet и MTV 3. Во Холандија се реализира кампања со кофинансирање 50%-50% со двата најголеми туристички оператори во Холандија на 7 најгледани телевизии во Холандија и во најчитаните печатени медиуми во Холандија. Исто така извршена е промоција на Македонија во Јапонија на веб-страницата Travel Vision и во печатениот медиум Archaelogy Magazine и на нивната веб-страница.
Може да се каже дека ова изборно ветување е исполнето
Линкови:
- YouTube: Skopje 2014, Macedonia Timeless. [Пристапено на: 09.01.2013]
- Отчет 2011-2014: Туризам [Пристапено на: 11.04.2014]
- YouTube: Skopje 2014, Macedonia Timeless [Пристапено на: 11.04.2014]
Оценето од: Оливера Војновска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар