ВМРО-ДПМНЕ: Магистрален пат Косел – Охрид – Граничен премин Св.Наум

Овој патен правец е сосема нов паралелен пат на постојниот покрај плажите, а во понатамошниот период ќе бидат меѓусебно поврзани со попречни локални патишта. Вкупната должина на новиот пат ќе биде 39 км, а широчината на коловоз од две ленти од по 3,75 м. Патот е од особено значење за развој на туризмот во Охрид. Со изградбата на оваа делница значително ќе се олесни протокот на сообраќајот низ населените места Косел, Лескоец, Скребатно, Велгошти, Охрид, Рамне, Велестово, Коњско, Елшани, туристичката населба Горица, Свети Стефан, Лагадин, Пештани, Трпејца, Љубаништа, Свети Наум, а преку Галичица и кон Преспанскиот регион, особено во летните месеци во годината. Вредноста на проектот се проценува на 70 милиони евра. Средствата се планира да бидат обезбедени со заем од меѓународните финансиски институции и национално кофинансирање од Буџетот на Република Македонија.  [Рок : втора половина 2013 – 2019 година]

Образложение:

На 17 септември 2012 година, Агенцијата за државни патишта потпиша договор за изградба на овој магистрален пат со Друштвото за инженеринг и консалтинг Чакар Партнерс. [Ажурирано на: 17.09.2012]

Во Отчетот за сработеното на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 2011-2014, во делот „ Инфраструктура “, за проектот „ Магистрален пат Охрид – граничен премин Св. Наум “ е наведено:

Во тек е изработката на проектната документација за изградба на патот на ниво на експресен пат, со две ленти за возење и две ленти за застанување, и истата ќе биде завршена до крајот на 2014 година. За делницата од Охрид до Пештани во должина од 14,5 км, поднесена е апликација до ЕБОР, а реализацијата на оваа делница се очекува во периодот 2015-2018 година [Ажурирано на: 12.04.2014]

Имајќи ги превид изборните проекции за проектот „Магистрален пат Косел – Охрид – Граничен премин Св. Наум“, може да се констатира дека ова ветување е неисполнето, но бидејќи крајниот рок кој е наведен за исполнување (2019) го надминува регуларниот мандат на владата ова ветување се оценува како недоследно.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција