ВМРО-ДПМНЕ: Мали групни домови

Отворивме мал групен дом во Берово во кој се сместени деца без родители и родителска грижа. Во идниот период ќе овозможиме отворање на дополнителни мали групни домови, согласно со приоритетите утврдени во стратешките документи за процесот на деинституционализација, преку кој се овозможува поквалитетна услуга на децата без родители и родителска грижа како и создавање на чувство на припадност во заедницата. [Рок: 2014]

Образложение:

Заклучно со март 2014 година отворени се два нови мали групни домови, едниот во Кавадарци, а другиот во Битола. Ова ветување се оценува како исполнето. [Ажурирано на: 08.04.2014]

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција