ВМРО-ДПМНЕ: Мапа на здравствените услуги и покриеност на региони

Според францускиот модел, здравствените установи се распоредуваат според медицинска мапа, а за секој регион ќе изготвиме регионален стратегиски план за здравствена заштита. Имено, на овој начин ќе се овозможи зголемување на улогата на регионите, а општините активно ќе се вклучат во системот и ќе можат да ги лоцираат проблемите. Регионите ќе подготвуваат национална политика за регулирање на бројот на доктори по нивна специјалност. Со ова ќе овозможиме пресретнување на потребите на жителите според региони. Носител: Министерството за здравство. [Рок: декември 2011 година]

Образложение:

Веб страницата на Медицинската мапа е направена во 2009 година, (ветувањето е ставено како дел од предизборната програма на владеачката партија во 2011 година) и дополнително истата содржи информации заклучно со 2006 година. Во националната здравствена стратегија на Република Македонија 2020 година (донесена во февруари 2007 година) како и во нацрт стратегијата за регионален развој 2009-2019година (донесена во февруари 2009 год), содржани се предизвиците за зголемување на улогата на регионите во полето на здравствената заштита како и  активното вклучување на општините во системот. Дополнителни информации дека регионите започнале со подготвување на национална политика за регулирање на борјот на докотори по нивната специјалност, не се пронајдени.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција