ВМРО-ДПМНЕ: Медиумска кампања „Договореното е најсигурно“
„Договореното е најсигурно“ – Ќе спроведеме посеопфатна медиумска кампања за запознавање и помош на земјоделците во врска со склучување договори за откуп на земјоделски производи, регистрација на откупувачите и едукација за „правилата на игра“ на пазарот. [Рок: ноември 2011 – континуирано]
Образложение:
Според информациите од медиумите, во март 2013 година Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се договори со маркетинг агенцијата „Маркет Висион“ за изработка на рекламна кампања „Договореното е најсигурно“, која ќе трае 12 месеци и ќе чини 32 000 евра. Сепак, со оглед на тоа дека рокот за отпочнување на ова ветување е ноември 2011 година, а тоа се прави со задоцнување од една и пол година, ова предизборно ветување се оценува како делумно исполнето. [Ажурирано на: 13.04.2013]
Линкови:
- Фактор (25.03.2013): Договореното е најсигурно: Нова кампања за земјоделци тешка 32 илјади евра. [Пристапено на: 13.04.2013]
- Нова ТВ (25.03.2013): Нова рекламна кампања тешка 32 илјади евра. [Пристапено на: 13.04.2013]
Оценето од: Дејан Димитриевски
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар