ВМРО-ДПМНЕ: Медиумска кампања за промоција на семејството

Ќе продолжиме со спроведување на континуирана медиумска кампања за промоција на семејството и трето дете, со цел да се влијае врз свеста на младите брачни парови, кои имаат можност, а не се одлучуваат да имаат деца, или повеќе од едно или две деца. [Рок: континуирано]

Образложение:

Во 2013 година Владата потрошила близу половина милион евра на кампањи за промоција на  основните семејни вредности, покажуваат известувањата објавени на електронскиот систем за јавни набавки.  Генералниот секретаријат на Владата во неколку наврати во 2013 склучила договори со неколку маркетинг агенции за изработување на спотови, реклами, билборди, веб банери со кои ќе се промовираат семејните вредности.

Владината кампања за трето дете поттикна семејства со три деца, што пред петнаесетина години беше реткост, но исто така се зголеми и бројот на семејствата со едно дете.

Емитувања на ТВ спотови за објаснување на последиците од абортусот и емитувања на ТВ спотови за поволностите и паричната помош кои се овозможуваат за трето и четврто дете. Овие спотови и соопштенија се емитувани на сите национални телевизии.

Во изминативе три години  континуирано се спроведува медиумска кампања за промоција на семејството и трето дете.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција