ВМРО-ДПМНЕ: Медиумска кампања – Знаењето е сила, знаењето е моќ
Започнавме со медиумска кампања „Знаењето е сила, знаењето е моќ“ за стимулирање на младите луѓе и на нивните родители за ориентирање кон што повисок степен на образование, како долгорочно најсигурен начин за излез од сиромаштијата и успех во животот.
Образложение:
Кампањата е промовирана во декември 2007 година и се состоеше од емитување платени реклами преку електронски и печатени медиуми.
Владата ги нема објавено рекламите на Интернет на едно официјално место, додека неодговарањето на прашањата за трошоците за нивно создавање и емитување, како и за другите кампањи, беше причина за низа контроверзи.
Дел од рекламите се достапни на Јутјуб преку неофицијални копии:
- „Образувај се…“
- Квиз во стил на „Кој сака да биде милионер“
- Милчо Манчевски
- „Учи странски јазици и компјутери…“ (со Борче Нечев)
- „Алберт Ајнштајн“
- Калории
Линкови:
- Влада на РМ. (02.12.2007). Груевски на промоцијата на кампањата „Знаењето е сила, знаењето е моќ“. [Пристапено на 25.05.2011.]
- Драган Шутевски. Претприемач. (30.04.2009). Знаењето е моќ, знаењето е сила. [Пристапено на 25.05.2011.]
- Ѓорѓи Спасов. Утрински весник. (17.09.2008). Малиот Ајнштајн. [Пристапено на 25.05.2011.]
- Време. (21.11.2009). Пишувајте состав „Знаењето е моќ“. [Пристапено на 25.05.2011.]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар