ВМРО-ДПМНЕ: Меморандум за инклузија (JIM process)

Изработка на Меморандум за инклузија (JIM process) во Република Македонија како европски процес за заокружување на декадата за борба против сиромаштијата и социјалната исклученост и прилагодување на националната политика со политиките на ЕУ, како и целосно исполнување на Милениумските развојни цели. Граѓаните ќе бидат заштитени од ризикот на сиромаштија и социјална исклученост преку преземање на мерки и активности, како и сведување на стапката на минимум по примерот на европските земји членки на Европската унија. [Рок: 2012 – 2015]

Образложение:

Од страна на Министерството за труд и социјална политика бевме известени дека Република Македонија се откажа од намерата за изработка на Заедничкиот Меморандум за инклузија (JIМ). Наместо тоа, преземени се активности за усогласување на Националната стратегија за сиромаштија и социјална исклученост 2010-2020 година со Европската стратегија 2020. Ова ветување се оценува како неисполнето. [Ажурирано на: 07.05.2013]

Оценето од: Дејан Димитриевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција