ВМРО-ДПМНЕ: Модернизација на армискиот полигон Криволак
По завршувањето на првата фаза од модернизацијата на армискиот полигон Криволак, во 2012 година ќе продолжиме со изградба на останатите предвидени содржини, со што значително ќе бидат подобрени условите за обука на овој полигон и истиот ќе биде користен од страна на повеќе други армии.
Образложение:
Со оглед на тоа дека во ова ветување не е јасно и конкретно назначено кои точно содржини се опфатени со првата фаза од модернизацијата, а кои содржини би требало да се изградат во наредната фаза, претставува практично невозможно објективно да се анализира дали ова ветување ќе биде исполнето или не. Земајќи го тоа во предвид, ветувањето се оценува како неконкретно. [Ажурирано на: 07.05.2013]
Оценето од: Дејан Димитриевски
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар