ВМРО-ДПМНЕ: Музеј на прогонетите од Егејскиот дел на Македонија
Во рамките на Музејот на Македонија ќе се формира посебен музеј на прогонетите од егејскиот дел на Македонија во кој преку автентични документи, фотографии и предмети ќе биде отсликана нивната голгота. Буџет: 5 милиони денари. Носител: НУ Музеј на Македонија. [Рок: 2014 година]
Образложение:
Во рамки на Музејот на Македонија треба да се формира посебна музејска поставка на прогонетите од Егејскиот дел на Македонија. Освен повикот за придонес на граѓаните за оваа поставка, истата според информациите сеуште не е целосно изготвена, и се очекува да биде отворена кон крајот на првата половина од 2014 година.
Линкови:
- Стара Скопска Чаршија-Повик
- Отчет за сработеното на Владата на Република Македонија 2011-2014 стр. 146
Оценето од: Наталија Пешиќ
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар