ВМРО-ДПМНЕ: Набавка и ставање во употреба на најсовремена медицинска опрема

Во наредните години, меѓу другото, интензивно ќе се продолжи со набавката и инсталирање на најсовремената опрема и едукација на кадар во следните установи:

  • Трите клинички болници во Тетово, Битола и Штип, кои во набавката имаат Апарат за компјутеризирана томографија со најмалку 64 детекторски реда и најмалку 64 пресеци за основни неуролошки и акутни дијагностички процедури, апарат за магнетна резонанса со јачина на магнетно поле 1,5Т, литотриптор, ангиограф, коскен дензитометар, кардиолошки ехо-апарати, гинеколошки 4д ехо-апарати, инкубатори, апарати за анестезија, машини за механичко дишење, гастроскопски и ендоскопски кабинети, хируршки столови, лампи и ин-струменти со вкупна вредност 15.860.000 евра;
  • Апарати за компјутеризирана томографија со најмалку 16 детекторски реда ќе бидат поставени и во општитеболници во Велес, Гостивар, Охрид, Куманово, Прилеп и во Струмица;
  • Во сите општи болници ќе има по еден кардиолошки ултразвучен апарат, гинеколошки 4Д ултразвучен апарат и радиолошки ултразвучен апарат, заедно со апарати за анестезија, централен и поединечен мониторинг, машини за механичка вентилација (педијатриски и за возрасни), ендоскопски кабинет и хируршки инструментариум;
  • Новата Градска болница „8. Септември“ во Скопје ќе има комплетното опремување кое опфаќа повеќе дијаг-ностички, операциони и интервентни апарати вклучително и апарат за компјутеризирана томографија со најмалку 16 детекторски реда и ангиограф со сите типови ехо-апарати во вкупна вредност 6.230.000 евра;
  • На Универзитетската клиника за радиологија во која се поставува најсовремен тип апарат за компјутеризирана томографија со 128 детекторски реда, заедно со апарат за магнетна резонанса со јачина на магнетно поле 1,5Т, ангиографски систем со дигитален детектор за ангиографски, васкуларни, церебрални и периферни дијагностички интервентни процедури, радиолошки ехо-апарати и мамограф со вкупна вредност над 6.000.000 евра;
  • На  Универзитетската клиника за кардиологија, во која се пристигнати дигитални ангиографи за интервентни кардиолошки и васкуларни процедури, машини за дишење, монитори и ехо-апарати со вкупна вредност 2.520.000 евра;
  • Ангиограф за дијагностика и интервенции со останата кардиолошка апаратура во Болницата за кардиоваскуларни заболувања во Охрид со вредност од 1.210.000 евра;
  • Во Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија инвестираме во линеарниот акцелератор, кој, заедно со бункерот за изолација, вреди над 3.000.000 евра;
  • Во општите болници во Охрид, Гостивар, Велес, Прилеп, Куманово и во Струмица, покрај стандардниот панел квалитетна дијагностичка и хируршка опрема, се поставува и по еден апарат за компјутеризирана томографија со најмалку 16 детекторски реда со вкупна вредност на опрема во овие 6 болници од 8.400.000 евра;
  • Во останатите 6 општи болници во Кочани, Кавадарци, Гевгелија, Дебар, Струга и Кичево се инвестира воопрема во мамографи, кардиолошки и гинеколошки ехо-апарати, апарати за анестезија, монитори, стерилизатори и ендоскопски сетови во вредност од 2.300.000 евра;
  • Значајно ќе се доопреми и Универзитетската клиника за хируршки болести „св. Наум Охридски“ со апарат за компјутеризирана томографија со 64 детекторски реда и магнетна резонанца 1,5Т, машини за дишење, монитори и инструментариум во вредност од 3.933.000 евра;
  • Ќе се набави и најнова опрема за Универзитетската клиника за детски болести, која претходно не беше вклучена во набавка на опрема;
  • Ќе се изгради и ќе се опреми и најсовремен ПЕТ-центар (центар за позитронска емисиона томографија), за кој е изработен идеен проект, во завршна фаза е основен проект, обезбедена е локација за градба, а склучен е договор за набавка на Циклотрон и една ПЕТ-камера. Со тоа Македонија ќе стане регионален ПЕТ-центар.

[Рок: Септември 2013 година]

Образложение:

Министерството за здрвство на овој проект работи континуирано. Клиничките болници во Битола, Штип и Тетово добија нова медицинска опрема, но и повеќе други клинички центри во земјата се обновени со истата. Според информациите набавката на  медицинска опрема и понатака ќе продолжи, што пак ќе придонесе за подобрување на здравствениот систем во целина.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција