ВМРО-ДПМНЕ: Намалување на ДДВ за туризмот
Како директна поддршка на развојот на туризмот, ќе ја намалиме стапката на ДДВ за туристички услуги од 18% на 5%. Тоа ќе ги опфати услугите за туристичко сместување (ноќевање), сместување со појадок, полупансион или полн пансион во сите комерцијални објекти за туристички услуги: хотели, туристички апартмани, пансиони, камп- населби, одморалишта, планинарски и ловечки домови, гостилници и сл. Стапката од 5% ќе се применува и на агенциските услуги за сместување на пансионска или полупансионска основа во сите наведени објекти. [Рок: декември 2011]
Образложение:
Во службен весник број 135 од 3.10.2011 објавени се измените на законот за ДДВ, според кои стапката на ДДВ за туристички услуги од 18% се намалува на 5%. [Ажурирано на: 26.03.2012]
Линкови:
- Pravo.org.mk. Закон за данокот на додадена вредност. [Пристапено на: 26.03.2012]
- Ohrid News (07.10.2011). И официјално потврдено намалувањето на ДДВ за туризмот. [Пристапено на: 26.03.2012]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар