ВМРО-ДПМНЕ: Намалување на продонесот за пензиско

Придонесот за пензиско осигурување ќе се намали од 21,2 отсто на 15 проценти. Според, Преродбата во 100 чекори, (проширена и надградена) ова намалување ќе оди во три чекори и тоа овој процент постепено треба да се намалува во 2009, 2010 заклучно со први јануари 2011.

Образложение:

Според Отчетот на ВМРО-ДПМНЕ стапката на придонесот за пензиско осигурување е намалена од  21.2 отсто на 18 проценти, а не на 15 како што беше ветено во изборната програма на оваа партија. Причина за ова, повторно е светската економска криза и во Отчетот партијата ветува дека По завршувањето на светската економска криза, Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги намалува стапките на придонесите, за да се намалат трошоците на фирмите и да се подобри нивната конкурентност.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција