ВМРО-ДПМНЕ: Народни кујни

Во периодот 2011-2015 ќе отвориме дополнителни 12 народни кујни за стари и изнемоштени лица во рурални средини во сите региони низ државата во соработка со локалните самоуправи како континуирана заложба за обезбедување на животната егзистенција на сите лица во социјален ризик како и лицата кои се физички оддалечени од градските средини.

Ваков тип народни кујни во рурални средини ќе отвориме во:

  • Црник, Конче, Старо Нагоричане. [Рок: 2011]
  • Василево, Градско, Карбинци. [Рок: 2012]
  • Центар Жупа, Чешиново. [Рок: 2013]
  • Ранковце, Облешево. [Рок: 2014]
  • Зрновци, Другово. [Рок: 2015]

Образложение:

Трите народни кујни предвидени за 2011 година, во Црник, Конче и Старо Нагоричане, се отворени. [Ажурирано на: 17.04.2012]

Отворена е народна кујна и во Василево. [Ажурирано на: 04.07.2012]

Во 2012 година отворена е народна кујна и во Градско, додека народната кујна во Карбинци, и покрај тоа што беше предвидена за 2012 година, според најавите ќе биде отворена во 2013 година. [Ажурирано на: 10.04.2013]

Во Отчетот за сработеното на Владата  предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 2011-2014, во делот „Македонија земја на еднакви можности“, за проектот „Нардони кујни“ е наведено:

„Од 2011 до 2013 година  отворивме народни кујни во Црник, Конче, Старо Нагоричане. Василево, Градско, Карбинци. Чешиново и во Облешево. [Ажурирано на: 10 04.2014]

Со оглед на тоа што заклучно со април  2014 не се отворени сите најавени народни кујни (Ранковце, Зрновци и Другово), ова изборно ветување е делумно исполнето.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција