ВМРО-ДПМНЕ: Национална стратегија за вработување 2011- 2015

Во следниот период, ќе донесеме Национална стратегија за вработување 2011- 2015, во која политиките на пазарот на трудот ќе ги следат насоките дефинирани во Европската економска стратегија – „Европа 2020“ и оперативни документи за имплементација на истата со конкретни мерки за: намалување на структурната невработеност, развој на квалификувана работна сила која одговара на потребите на пазарот на трудот, прилагодување на системот на стручното образование и обука според потребите на пазарот на трудот дополнето со ефикасни поттици за доживотно учење, унапредување на социјалната инклузија, борбата против сиромаштијата и сивата економија и сл. [Рок: декември 2011]

Образложение:

Во август 2011 година донесена е Национална стратегија за вработување на Република Македонија 2015 година. Исто така, донесен е и Националниот акционен план за вработување на Република Македонија 2011-2013 година, кој што претставува документ во кој се содржани планираните активности до 2013 година, кои треба да обезбедат постигнување на поставените цели содржани во Стратегијата за вработување на Република Македонија 2015 година. Во декември 2011 година, донесен е и Оперативен план за активните програми и мерки за вработување за 2012 и 2013 година. [Ажурирано на: 29.03.2012]

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција