ВМРО-ДПМНЕ: „Недела на Македонија“
Соработка со туристичката бизнис-заедница со кои ќе организираме најмалку два пати годишно во различни земји „Недела на Македонија“ во Србија, Хрватска, Холандија, Шведска, Норвешка, Русија и во други земји од Европа, за коишто Македонија е интересна туристичка дестинација. Во еднонеделен настан, во соработка со дипломатските претставништва на Македонија и на Македонските друштва во тие држави, ќе се презентираат туристичките потенцијали, виното и храната од Република Македонија, и ќе се организираат изложби на македонски икони и други уметнички дела. [Рок: континуирано]
Образложение:
Досега се организирани неколку настани од овој тип, во Србија, Русија, Естонија, Полска и Кина. [Ажурирано на: 24.04.2012]
Во Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 2011-2014, во делот „Земјоделство, шумарство и водостопанство “, е наведено:
Почнувајќи од 2011 година организираме, и со околу 400.000 евра годишно финансиски ја поддржуваме националната промоција на македонски земјоделски производи на алтернативните или недоволно застапени пазари (Русија, Кина, некои од европските земји, САД). Промоцијата што се спроведува преку поставување на национален македонски штанд на најзначајните саемски манифестации во овие земји, придонесе кон значително зголемување на извозот на виното, свежите зеленчук и овошје и преработките на тие пазари. [Ажурирано на: 12.04.2014]
Во декември 2011 година во Светскиот трговски центар во Амстердам се одржа промоција на Македонија како туристичка дестинација и промоција на македонски вина [Ажурирано на: 12.04.2014]
Со Стратегијата за винскиот сектор за 2012 година е предвидено здружување и заеднички настап на македонските винарници преку деловни здруженија, промоција на Македонија и на македоонските вина на таргеираните пазари – Холандија, Словенија, Швајцарија и Полска. [Ажурирано на: 12.04.2014]
Во октомври 2012 година неколку македонски винарии, со поддршка на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, го промовираа македонското вино во Холандија и во Полска. [Ажурирано на: 12.04.2014]
Владата во јануари 2014 година соопшти дека со 415.000 евра ќе поддржи промоција на македонското извозно земјоделско производство на светски реномирани земјоделски саеми во текот на оваа година. Македонските вина, овошје и зеленчук ќе бидат промовирани на саеми во САД, Кина, Москва, Германија, Литванија, Полска, Швајцарија, Холандија и Словенија [Ажурирано на: 24.04.2012]
Во изминатиот период се забележани активности за промоција на виното, храната и на туристичките потенцијали на Македонија. Сепак, досега нема информации за организиран промотивен настан од типот „Недела на Македонија“, така што ова изборно ветување е неисполнето.
Линкови:
- Премин Портал (16.10.2011): Отворена манифестацијата „Денови на македонската култура во Русија“. [Пристапено на: 24.04.2012]
- Кајгана – веб портал (05.11.2011): „Денови на македонската култура“ во Естонија. [Пристапено на: 24.04.2012]
- Министерство за култура (18.11.2011): Со денешниот настап на „Танец“ во Далиан, завршува манифестацијата „Денови на македонската култура во Народна Република Кина“. [Пристапено на: 24.04.2012]
- Мкд.мк (23.03.2012): Отворена манифестацијата Денови на македонската култура во Полска. [Пристапено на: 24.04.2012]
- Точка – веб портал (24.04.2012): “Денови на Македонија“ во Белград. [Пристапено на: 24.04.2012]
- Отчет 2011-2014: Земјоделство, шумарство и водостопанство [Пристапено на: 12.04.2014]
- Актуелно 24 (11.01.2014): Владата со 415.000 евра ќе поддржи промоција на македоснки земјоделски производи [Пристапено на: 12.04.2014]
- Економски (24.10.2012): Промоција на македонските вина во Холандија и Полска [Пристапено на: 12.04.2014]
- Нова Македонија (07.07.2012): Ден на македонските вина во Нови Сад [Пристапено на: 12.04.2014]
- МЗШВ (23.02.2012): Македонските винарници здружено ќе освојуваат нови пазари [Пристапено на: 12.04.2014]
- Кајгана (13.12.2011): Туристичка винска промоција на Македонија во Холандија [Пристапено на: 12.04.2014]
Оценето од: Оливера Војновска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар