ВМРО-ДПМНЕ: Незаведување на предмети ако не се плати судска такса

Предмети за кои странката не платила судска такса нема да можат да се  заведуваат во судот. Имено, рокот за постапување по судските предмети започнува од моментот на нивно заведување во судот. Многу често таксите не се плаќаат до 90 дена што придонесува за зголемување на вкупниот период за постапување по судските предмети. За лица што немаат средства да ги платат судските такси, судот го утврдува нивниот материјален статус и применувајќи го институтот, сиромашко право, во согласност со законот ги ослободува од плаќање на такси. Рок: ноември 2008 година.

Образложение:

На 22.09.2009 стапи во сила новиот Закон за судски такси.

Линкови

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Reply To Cvetko
Cancel Reply

2 Реакции
  1. Cvetko :

    Почитувани господа. Ме интересира дали можам да побарам ОСЛОБОДУВАЊЕ од плаќање на трошоци за потапка согласно “СИРОМАШКО ПРАВО”. Постапката е завршена пред 10г со правосилност на пресуда. Од правен аспект се е завршено освен трошоците за таа постапка од 120,000 ден или 2,000 Еур. Поради тоа што не сум ги платил тие трошоци не можам да си ја подигнам ПАТНАТА исправа веке 10г. Поради то што ги исполнувам критериумите за СИРОМАШКО ПРАВО ( Невработен, немам имот или приходи од нистиот , не поседувам мот. возило, немам сопствен стан кука или друг недвижен и движен имот на мое име ). Како да постапам за ОСЛОБОДУВАЊЕ од трошоци за постапка???

  2. Вистиномер.мк :

    Користењето на бесплатната правна помош е регулирана со Законот за бесплатна правна помош (http://www.pravo.org.mk/documentDetail.php?id=4789) и ги опфаќа трошоците на постапката што настанале по денот на одобрувањето на барањето за користење на „сиромашко право”. Исто така според Законот за облигационите односи (http://www.pravo.org.mk/documentDetail.php?id=33), проверете дали моментот кога пресудата станала првосилна и извршна па до сега е застарен и можете да се повикате на институтот застареност