ВМРО-ДПМНЕ: Нов модел на стипендирање
Нов модел на стипендии за студентите односно доделување стипендии од три типа: годишно ќе се доделуваат 200 стипендии, во висина од 4000 денари месечно, од тип А – стипендија на министерот за образование и наука за најталентирани студенти кои имаат просечен успех над 9,00 за општествените науки односно над 8,50 за техничките и за медицинските науки, 1000 стипендии во висина од 3000 денари, од тип Б – студентски стипендии за студенти кои имаат просечен успех над 8,50 за општествените науки односно над 8,00 за техничките и за медицинските науки и 1600 стипендии во висина од 2500 денари од тип В – стипендии за студенти од социјални категории за студентите со висок просек и со мали примања, како и доделување на посебни 125 стипендии во висина од 5500 денари месечно за студентите по информатика. [Рок: до крајот на мандатот]
Образложение:
Стипендиите од тип А, Б и В во форматот објаснет во ветувањето се доделени уште во учебната 2010/2011 година. Посебните 125 стипендии за студентите кои студираат информатика пак започнале да се доделуваат уште во 2007 година.
Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.
Линкови:
- Конкурс за доделување стипендии на студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитетит и високообразовни установи за во Република Македонија за учебната 2012/2013 година
- Конкурс за доделување стипендии на студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитетит и високообразовни установи за во Република Македонија за учебната 2010/2011 година
- 125 студенти по трет пат добиваат финансиска помош
- Доделени стипендии за 125 најдобри студенти по информатика
Оценето од: Наталија Пешиќ
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар