ВМРО-ДПМНЕ: Нов објект за Езерската полиција во Охрид

Ќе изградиме нов објект за Езерската полиција во Охрид. [Рок: декември 2011]

Образложение:

Според информациите од медиумите, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, на 16 јуни 2011 година била во посета на новиот објект на Езерската полиција во Охрид. Од ова може да се заклучи дека овој објект е изграден и постои.

Дополнително, во официјалниот документ на Владата на РМ, Речено – Сторено: Отчет за работењето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициони партнери 2011-2012 (страна 59), се потврдува дека овој објект е изграден. [Ажурирано на: 24.09.2012]

Линкови:

Оценето од: Дејан Димитриевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција