ВМРО-ДПМНЕ: Нов SCADA/EMS систем

За потребите на АД МЕПСО, ќе се набави и инсталира нов SCADA/EMS систем. Системот ќе овозможи поквалитетен надзор и управување со Електроенергетскиот систем на Република Македонија во реално и проширено време со висока доверливост, сигурност и расположливост согласно со ENTSO-E регулативата и стандардите. Вредноста на оваа инвестиција е 5 милиони евра, а проектот ќе биде завршен до крајот на 2014 година; [Рок: 2014]

Образложение:

Набавката и инсталацијата на нов SCADA/EMS систем е во тек. Јавниот повик беше објавен во ноември 2013 година. Со оглед на тоа дека овој проект е започнат, но заклучно со март 2014 година сеуште не е реализиран, ова ветување се оценува како делумно исполнето. [Ажурирано на: 04.04.2014]

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар