ВМРО-ДПМНЕ: Нови мерки од Програмата ИПАРД

Во 2012 година ќе се преземат активности и за акредитација на нови мерки од програмата ИПАРД кои се однесуваат на подобрување и развој на руралната инфраструктура, локален рурален развој со кои ќе се овозможи и општините да аплицираат за проекти во насока на подобрување на руралната инфраструктура како предуслов за развој на руралниот сектор. [Рок: 2012]

Образложение:

Во недостиг на јавно достапни информации во врска со ова ветување, се обративме директно во надлежната институција, а тоа е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Од таму ни беше одговорено дека кон крајот на 2012 година, од страна на Телото за управување со ИПАРД се преземени активности на подготовка за воведување на мерката 301 во ИПАРД – Унапредување и развој на руралната инфраструктура. Во таа насока, спроведен е процес на консултации со општините, изработен е прашалник, како и Акциски план за утврдување на активности за подготовка и воведување на М301 и Нацрт техничко фише за мерката 301. Од ова може да се заклучи дека се преземени активности за акредитација на нови мерки од програмата ИПАРД во насока на подобрување и развој на руралната инфраструктура. Ова предизборно ветување се оценува како исполнето. [Ажурирано на: 21.02.2013]

Линкови:

Оценето од: Дејан Димитриевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција