ВМРО-ДПМНЕ: Нови здравствени објекти

Ќе изградиме нови здравствени објекти – амбуланти во оддалечените селски подрачја, каде не постојат здравствени објекти . Ќе бидат опфатени следните региони: Охрид, Виница, Радовиш, Ростуше, Демир Хисар, Прилеп, Струга, Македонски Брод и Скопје. Амбулантите ќе бидат со големина од околу 80 м2 и ќе содржат: ординација за матичен лекар, соба за интервенции, просторија за вакцинација и патронажна служба, чекална и санитарни јазли . Амбулантите ќе ги отвориме во селата Мало Коњари, Шутово, Корошиште, Танушевци, Калуѓерица, Мислодежда, Крушка, Скудриње, Церово, Мерово, Калиште, Франгово, Балинци, Грушино, Света, Манастирец, Ласки, Локвица, Горно Косоврасти, Робово, Чемерско, Пуста Река и во населбата “Свети Стефан“.

Образложение:

Податоците до кои може да се дојде во мај 2011 г. укажуваат дека се отворени нови здравствени објекти само во дел од местата наведените во ветувањето, поради што ова ветување е означено како делумно остварено.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција