ВМРО-ДПМНЕ: Обезбедување на документи за субвенции по службена должност
Сите документи за субвенции што се издаваат од органи на државна управа ќе се обезбедуваат по службена должност. [Рок: април 2013]
Образложение:
Во мај 2013 година беше донесен Законот за прибавување и размена на докази и податоци по службена должност. Според овој закон, институциите се обврзуваат да ја имплементираат реформата за задолжително прибавување и размена на докази и податоци по службена должност. Со овој закон се опфатени и документите за субвенции. Ова ветување се оценува како исполнето. [Ажурирано на: 10.04.2014]
Линкови:
- Нова Македонија (17.04.2013): Граѓаните на еден шалтер ќе ги добијат сите документи. [Пристапено на: 10.04.2014]
- Pravo.org: Закон за прибавување и размена на докази и податоци по службена должност. [Пристапено на: 10.04.2014]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар