ВМРО-ДПМНЕ: Обезбедување на услови за работа на Меѓународниот универзитет Св. Апостол Павле

Ќе пристапиме кон адаптација на старите армиски објекти (касарната) со цел обезбедување на услови за работа на Меѓународниот универзитет Св. Апостол Павле, каде ќе го зголемуваме постојниот број на странски студенти. Носител: Министерство за транспорт и врски во соработка со локалната самоуправа. [Рок: 2013]

Образложение:

Во февруари 2014 година беше објавен проектот за адаптација на старите армиски објекти (касарната) во Охрид за потребите на Меѓународниот универзитет Св. Апостол Павле. Според најавите се очекува овој проект да биде готов за една година или најдоцна за година и пол. Со оглед на тоа дека рокот за исполнување на ова ветување е 2013 година, а се доцни со реализацијата на овој проект, ветувањето се оценува како неисполнето. [Ажурирано на: 06.04.2014]

Линкови:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција