ВМРО-ДПМНЕ: Обнова и дополнување на музејот во село Смилево
Во овој единствен Музеј во село Смилево е презентиран еден особено значаен период од македонската историја. Музејот содржи вредни етнолошки артефакти кои прават пресек на историскиот Смилевски конгрес. Со реализацијата на овој проект ќе се зголеми музејскиот фонд на овој комплекс и ќе се обезбедат соодветни услови за презентација на вредните примероци. Буџет: 400.000 денари. Носител: Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј Битола. [Рок: 2012 година]
Образложение:
По повод 100 годишнината од Илинденското востание, изграден е музејот во с. СМилево. Музејот од Битола има изготвено елаборат за постојаната музејска поставка, кој е достапен на оваа веб страница.
Нема информации дека музејскиот фонд е зголемен, а ниту во Отчетот на Владата на РМ за оствареното во периодот 2011-2014 година, ниту пак во самото ветување не е точно и прецизно наведено што точно опфаќа терминот “зголемување на музејскиот фонд“ и доколку ветувањето е исполнето, за какво зголемување се работи.
Линкови:
Оценето од: Наталија Пешиќ
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар