ВМРО-ДПМНЕ: Обука на здравствениот кадар

На сите 27 универзитетски клиники и институти за современата медицинска опрема ќе обезбедиме обука наздравствениот кадар од страна на искусни странски стручни лица преку мрежата со светски познатите универзитети преку меморандуми за соработка. Со тоа ќе се обезбедат услови за воведување на нови стандардизирани услуги и процедури што ќе им бидат достапни на пациентите во земјата, ќе го скратат времето на лекување и листите на чекање. Со оваа обука ќе бидат опфатени сите клинички центри во Македонија, со што ќе се обезбеди кадар обучен да применува најсовремени методи на лекување на цела територија на Република Македонија. Носител: Министерството за здравство. [Рок: 2015 година]

Образложение:

Со прокетот на обука на здравствениот кадар во странство, кој започна со реализација во 2012 година, досега е опфатена голема група на лекари кои заминале на стручен престој од 1-6 месеци  во некој од медицинските центри надвор од државата.

Крајниот рок на овој проект е 2015 година, но поради предвремените парламентарни избори, истиот ќе биде оценет со краен рок до 1 Април 2014 година.

Линкови:

Седумдесет лекари на обука во странство

Анализа: Едукација во странство- 400 лекари спремни да го покажат наученото 

Тодоров: Македонски лекари на обуки во врвни странски медицински центри 

Македонски лекари на обука во странство 

Тренинг програма за здравствениот кадар од клиниките

Тодоров ќе праќа кадри на обука во Словенија 

Оценето од: Наталија Пешиќ


Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција