ВМРО-ДПМНЕ: Обука за менаџери на земјоделски задруги

Ќе воспоставиме систем на континуирани обуки за менаџери кои ќе управуваат со земјоделските задруги, кој ќе биде организиран од научни или образовни институции со посебни модули за подобрување на менаџерските, организаторски и особено маркетиншки способности на раководителите на земјоделските задруги. Носители: Министерството за образование и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. [Рок: 2012 – 2015*]

Образложение:

Според информациите, досега е одржана една ваква обука за менаџери на земјоделски задруги, во декември 2012 година. [Ажурирано на: 29.04.2013]

Стекнување знаења и вештини за донесување значајни одлуки при раководењето и работата со земјоделските задруги, беше целта на еднонеделната обука  што ја спроведе Центарот за промоција на одржливи земјоделски практки и рурален развој (ЦеПроСАРД). Обуката  што беше организирана во декември 2012 година во соработка со Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ја завршија менаџерите во постојните 18 земјоделски задруги. [Ажурирано на: 07.04.2014]

Со оглед на тоа дека нема информации за други одржани обуки за менаџери на земјоделски задруги, ова ветивање не е исполнето. [Ажурирано на: 07.04.2014]

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција